Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе изврши увид во градежните активности на ЈЗУ Здравен дом „Гоце Делчев“ – Делчево. Според планираното, Мицкоски потоа ќе изврши и увид во започнувањето на градежните работи за реконструкција на градската спортска сала во населбата Спортско-рекреативен центар во Делчево. По завршување на увидите, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот.